***Пребарувањето на договори е по поединечна категорија
ИнституцијаКомпанијаВредност во ден.ДатумПредмет
Град СкопјеДруштво за проектирање,инженеринг и промет ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје1,444,1112015-12-31Непредвидливи работи поврзани со Договор бр. 08-3547/12 од 04.06.2015 година за Илуминација на спомен обележја, скулптури и фонтани во Скопје
Јавно претпријатие за државни патиштаДруштво за градежништво БЕТОН Акционерско друштво Скопје2,398,5392015-12-24Непредвидени работи за Изградба на клучка Брвеница на државен пат А2, делница Тетово - Гостивар.
Министерство за образование и наукаДруштво за градежништво, проектирање, производство, трговија и услуги ХИЛДИН КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-3,155,3422015-12-04“Изведба на дополнителни работи за рехабилитација на систем за топловодно греење во оу„Шемшево“.с.Шемшево, општина Јегуновце”.
12345678910...

По одделни институции, анекс договори со најголема вредност склучил Град Скопје, на вкупна сума од 6,68 милиони евра. Град Скопје всушност го склучил и најголемиот анекс договор според вредноста, со градежната компанија Бетон за дополнителни работи за изградба на објектот Градска куќа, во вредност од 3,16 милиони евра. Второ на ранг – листата според вредноста на анекс договорите е АД за стопанисување со станбен и деловен простор, со сума од 4,7 милиони евра. Потоа следуваат АД ЕЛЕМ со анекс договори во вредност од 4,5 милиони евра, ЈП за државни патишта со 3,2 милиони евра, Министерството за образование и наука со 2,03 милиони евра. Во првите десет е рангирана и Службата за општи и заеднички работи на Владата со анекс договори од 1,89 милиони евра, Министерството за култура со сума од 1,87 милиони евра, АЕК со 1,28 милиони евра, Министерството за правда со 1,21 милиони евра и Собранието на Република Македонија со анекс договори во вредност нешто поголема од 800 илјади евра. Првите десет институции заедно склучиле анекс договори во вредност од 28,2 милиони евра.


10 институции со најголема вредност на анекс-договорите


Најмногу анекс договори, односно дури 39, потпишало Министерството за образование и наука, а потоа следуваат ЈП за државни патишта со 32 договори, Град Скопје со 22 анекс договори. Во првите десет според бројот на анекс договорите се рангирани и АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Општина Гевгелија, Општина Битола, Министерството за култура, АД ЕЛЕМ, ЈП Водовод и канализација и ЈП Стрежево Битола. Првите десет државни институции според бројот на анекс договорите, склучиле вкупно 193 договори.


10 институции со најголем број на анекс-договори


Најголема сума од анекс договорите на јавните набавки добила градежната компанија Бетон. Вредноста на анекс договорите што ги потпишал Бетон изнесува 9,27 милиони евра. Втора на ранг листата е уште една градежна компанија, Гранит, со анекс договори во вредност од 5,44 милиони евра. Најголем дел од анекс договорите на овие две најголеми градежни компании во земјава се однесуваат на проектот Скопје 2014. Трета на листата е уште една градежна компанија. Тоа е Трансмет, со вредност на анекс договорите од 1,4 милиони евра. Понатаму следуваат компаниите Lamone Moreda, Бетон Штип, АК-Инвест, IRD ENGINEERING Srl, Синтек, Виа, Галаб. Речиси сите компании на оваа ранг листа што склучиле со државните институции анекс договори на најголеми суми, се регистрирани во дејноста градежништво.


10 компании со најголема вредност на анекс-договорите


Градежните компании повторно доминираат и на ранг – листата според бројот на склучени анекс договори на јавните набавки. Така со 20 анекс договори прв на листата е Гранит, а потоа следуваат Бетон, Жикол, Алдинг – Инженеринг, Бауер БГ, Изградба – Комерц, Урба, Виа, Трансмет и БВ Инженеринг. Сите 10 прворангирани компании заедно склучиле 85 анекс договори.


10 компании со најголем број на анекс-договори


Најмногу пари за дополнителни работи за изградба преку анекс договор на јавна набавка се потрошени за проектот Градска куќа. Вредноста на анекс договорите за овој проект достигнува 3,16 милиони евра. За деловната зграда на АД ЕЛЕМ, дополнителните работи чинеле 3,03 милиони евра. Потоа со сума од 1,47 милиони евра преку анекс договори е рангиран проектот Рекреативен аква во спортскиот центар Борис Трајковски. За ископ на јаглен на Микролокација 3 за РЕК Битола дополнително биле потрошени 1,15 милиони евра, за катна гаража на улицата Даме Груев 1,13 милиони евра, за катната гаража Мито Хаџивасилев Јасмин 1,03 милиони евра, за административниот објект на АЕК речиси 1 милион евра, а изградба на регионалниот пат P2138 околу 870 илјади евра, за катната гаража Голем ринг во Скопје околу 850 илјади евра и за објектот на Собранието на Република Македонија, дополнително преку анекс договори на јавната набавка се потрошиле речиси 800 илјади евра.


10 најголеми анекс-договори


Најголема сума на пари преку дополнителни работи што не биле предвидени со основната јавна набавка, туку преку анекс договори, државните институции потрошиле во 2013 година, односно 17,45 милиони евра. Следната година, сумата изнесува 10,75 милиони евра, додека пак лани, преку анекс договори на јавните набавки, потрошени се нешто повеќе од 7 милиони евра.


Вредноста на анекс-договорите по години